Проектите за самовработување отворија 4.300 нови работни места

Bez autora
Nov 11 2013

За шест години преку програмите за вработување на Агенција за вработување се вработиле 4.270 лица, од нив 1.335 се земјоделци, а останатите или почнале свој бизнис или се вработени кај работодавачите кои се пријавиле за програмите. Со пари од Агенцијата досега се отворени 2.445 фирми. Невработените кои се одлучуваат за почнување сопствен бизнис преку евтините кредити за самовработување најчесто започнуваат сопствени бизниси од областа на земјоделството, трговијата, преработувачката индустрија, градежништвото, услужните дејности итнн, вели Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување. Според расположливите податоци, најмногу бизниси се започнати во Куманово, а најчеста дејноста е услужната. Агенцијата годинава располага со буџет од 8,5 милиони евра. До крајот на декември, според Поповски, ќе бидат потрошени над 91% од парите, што докажува дека и невработените и фирмите покажуваат интерес за мерките кои ги спроведува Владата.

Проектите за самовработување отворија 4.300 нови работни местаЗа шест години преку програмите за вработување на Агенција за вработување се вработиле 4.270 лица, од нив 1.335 се земјоделци, а останатите или почнале свој бизнис или се вработени кај работодавачите кои се пријавиле за програмите, покажала анализата направена од страна на економски.мк.

- Со пари од Агенцијата досега се отворени 2.445 фирми. Невработените кои се одлучуваат за почнување сопствен бизнис преку евтините кредити за самовработување најчесто започнуваат сопствени бизниси од областа на земјоделството, трговијата, преработувачката индустрија, градежништвото, услужните дејности итнн, вели Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување.

Според расположливите податоци, најмногу бизниси се започнати во Куманово, а најчеста дејноста е услужната.
Агенцијата годинава располага со буџет од 8,5 милиони евра. До крајот на декември, според Поповски, ќе бидат потрошени над 91% од парите, што докажува дека и невработените и фирмите покажуваат интерес за мерките кои ги спроведува Владата.

Во моментов во тек се нови два огласи на Агенцијата за кредитирање за вработување. За првиот можат да аплицираат правните лица, односно микро и малите претпријатија кои можат да вработат нови три лица и за секое од нив да добијат кредит од 3000 евра, или максимум 9.000 евра по нововработено лице од Агенцијата за вработување.

Работодавачот нема обврска да го задржи на работа лицето кое не ги задоволува стандардите, но мора на негово место да вработи нов работник од евиденцијата на Агенцијата за вработување, во спротивно ќе мора веднаш да го врати кредитот.

На вториот оглас можат да аплицираат невработени од евиденцијата на Агенцијата кои сакаат да почнат сопствен бизнис и да отворат три до пет работни места. Кредитобарателот може да побара кредит во висина од 5000 евра и уште по 3000 евра за останатите, или вкупно 17.000 евра. За самовработување на лица кои останале без работа по основ на технолошки вишок, стечај или ликвидација ќе има дополнителни средства до 1000 евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik